Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Средношколски транспаренти го најавуваат протестот во среда

Фото: Средношколски транспаренти го најавуваат протестот во среда

Средношколците во среда повторно излегуваат на протест. Помина цела години во протести и превирања, а властите останаа глуви на гласот на средношколците за прашањата поврзани со моделот на државна матура. Средношколскиот пленум решително продолжува со борбата.
plenumГолем транспарент со натпис „Средношколски марш: Дојди и приклучи се“ беше закачен на повеќе објекти низ Скопје за да се мотивираат што повеќе граѓани да се приклучат на маршот в среда. Средношколскиот марш ќе се одржи под мотото „Борбата продолжува“. Ќе започне од 12:30 часот од фонтаната во скопскиот Градски парк, а потоа насобраната толпа ќе се движи по „Илинденска“, булеварот „Св. Климент Охридски“, па сè до објектот на Министерството за образование и наука.
plenum1Освен собирот во Скопје, на 22 октомври (четврток) ќе се одржи марш и во Куманово. Според најавите на Средношколску пленум Куманово, збирно место е пред гимназијата „Гоце Делчев“ во 12:30 часот.