Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: После свадба тапани, МВР го опколува Собранието

Фото: После свадба тапани, МВР го опколува Собранието

Пред Собранието на Република Македонија има засилено полициско присуство, а припадници на МВР се донесени и со автобуси со цел да го обезбедат просторот околу законодавниот дом.

policija sobranie novi (1) (1)

Блокирани се и улиците со што треба целосно да се ограничи пристапот до Собранието. Сепак, се чини дека ваквата реакција е премногу задоцнета бидејќи имаше сериозни закани дека се подготвува упад на гневни демонстранти.

policija sobranie novi (5) (1)

Вчера маскирани напаѓачи заедно со припадници на „За заедничка Македонија“ ги претепаа пратениците на СДСМ и коалицијата, а повредија и прегазија голем број на новинари и сниматели.

policija sobranie novi (4) (1) policija sobranie novi (3) (1)

Додека се одвиваше масакрот во Собранието полицијата не реагираше воопшто, дозволи гневната толпа да влезе, па дури дел од полицајците се поздравуваа и гушкаа со тие што го окупираа законодавниот дом.