Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФото: Мигрант се закануваше со самоубиство

Фото: Мигрант се закануваше со самоубиство

Мигрантите очекуваат дека ќе ја поминат македонската граница. Тие вчера цел ден скандира со плакати и со крстот кој го направија од даски, повикувајќи ја Меркел да им дозволи да живеат слободен живот. Вчера било тензично. Еден од мигрантите се заканил дека ќе се самоубие доколку не му биде дозволено да транзитира низ овој простор, пишува Република.

Ситуацијата на македонско-грчката граница и понатаму е неизвесна. Повеќе од илјада мигранти пет дена се на пругата и во знак на протест одбиваат било каква помош од хуманитарните организации и полицијата. Станува збор за луѓе за кои се смета дека мигрираат од економски причини и на кои им забранија влез Србија, Хрватска и Словенија, а веднаш потоа и Македонија.

ФОТО: Република