Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Летаа шамари пред Триумфална, исцртани навредливи графити

Фото: Летаа шамари пред Триумфална, исцртани навредливи графити


Голема мешаница настана пред Триумфалната порта откако неколку лица со спрејови тргнаа да цртаат навредливи графити.

Еден од демонстрантите се обиде да ги сопре во намерата да ја нагрдат „Триумфалната“ при што настана мала тепачка, а во близина нема полицајци кои би ги спречиле овие нереди. Тој ја удри девојката со маска и спреј, а потоа се вмешаа повеќе лица кои го тргнаа на страна за да не дојде до поголем инцидент.

Сепак, станува збор за поединци од толпата кои не добија поддршка од останатите граѓани кои протестираат мирно и достоинствено.

Автор: Христијан Станоевиќ

Репортер: Александар Драгановски