Wednesday, May 1, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилм(Фото) Лео ги собра славните на хуманитарната забава во Сен Тропе

(Фото) Лео ги собра славните на хуманитарната забава во Сен Тропе

Фондацијата на Леонардо ди Каприо, како и секоја година, така и оваа, организираше хуманитарна вечера во Сен Тропе. Оваа фондација досега донирала повеќе од 59 милиони долари за дури 112 различни проекти низ светот, претежно наменети за заштита на околината и животните.

leo 1

На хуманитарната вечера се собраа најголемите ѕвезди, меѓу кои и голем број од најубавите манекенки што моментално владеат на светските модни писти. Згодните манекенки Алесандра Амбросио, Дауцен Крус, Џоан Смолс, Лили Доналдсон, Софија Ричи и Констанс Јаблонски биле фотографирани додека се забавувале на луксузна јахта пред да започнат со подготовките за свеченоста.

leo 2

Меѓу гостите биле забележани и Арнолд Шварценегер, Мараја Кери, Пенелопе Круз, Наоми Кемпбел, Роберт де Ниро и уште многу други.

leo 3

leo 4

leo 5

leo 7