Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЛеонардо Ди Каприо доаѓа на Балканот, ќе снима филм во Дубровник

Леонардо Ди Каприо доаѓа на Балканот, ќе снима филм во Дубровник

Во јануари и февруари следната година во Дубровник ќе се снима филмот „Robin Hood: Origins“ во продукција на Леонардо ди Каприо, објави локалната власт.

Дубровник, според најавите, ќе биде замена за Нотингем, а во градот би требало да пристигнат неколку „оскаровци“ меѓу нив и Џејми Фокс, кој ќе го игра „Малиот Џон“. Робин Худ ќе го игра Тарон Егертон, улогата Марион ќе ја игра Ева Хевсон.

Извршен продуцент е актерот Леонардо ди Каприо, а режијата е на Ото Батурст.

МИА