Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЛео Ди Каприо ќе го снима Робин Худ во Дубровник

Лео Ди Каприо ќе го снима Робин Худ во Дубровник

Атрактивниот средновековен град Дубровник е потенцијална главна локација за снимањето на претстојниот Робин Худ, во кој како продуцент ќе се вклучи и оскаровецот Леонардо Ди Каприо.

robin hud produkcija

Филмот е во рана фаза на подготвка со тоа што е одбран главниот актер Тарон Еџертон како млада британска ѕвезда, а кастингот е заокружен со Џејми Фокс кој ќе го глуми Литл Џон и Ив Хјусон, ќерката на Боно која ќе има главната женска улога Мерион. Режијата му е доверена на Ото Батрхрст кој ќе направи нов обид да го врати митот за Робин Худ на големото платно.

Дубровник со импресивните природни локации е идеален за снимање на историски сцени, па можеби тоа ќе биде доволно Ди Каприо да одлучи таму да ја започне продукцијата на Робин Худ планирана за почетокот на 2017-та.