Friday, Apr 26, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавФото: Бојата од министерство за правда се исчисти, дали ќе се исчисти и неправдата?

Фото: Бојата од министерство за правда се исчисти, дали ќе се исчисти и неправдата?

Минатава недела се чистеше бојата од Министерството за правда, кое во последниве години беше нарекувано и министерство за неправда. Токму судската власт беше мета на критики на граѓанските активисти кои во текот на Шарената револуција ја обоија зградата на министерството за правда. Паралелниот обвинителски систем, разговорите помеѓу судиите и извршната власт слушнати во таканаречените бомби, како и политичкиот прогон против одредени неистомисленици, се фактори кои влијаат на губењето на довербата во целокупниот судски систем.
ministerstvo za pravda 1
Речиси и да нема одел во судството кој не бил дел од скандал. Од врховниот, преку Уставниот, па се до кривичниот и останатите судови ги пратат низа контроверзии како нефер судење, неправилна распределба, одбивање на предметите на СЈО, сваровски разговорите и многу повеќе. Ниту судскиот совет не остана надвор од скандалите. Самото специјално јавно обвинителство е производ на неефикасноста на основното. Државата се уште се наоѓа во политичко заложништво, но граѓаните се надеваат дека со промената во власта, ќе се променат и состојбите кои ја доведоа во прашање правната држава.

Па така, бојата која сведочење за револтот поради овие состојби, ја снема од министерството. Но дали со бојата, ќе исчезне и неправдата?
ministerstvo za pravda 2

ministerstvo za pravda 3