Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФК Вардар го засили нападот со Ромеро

ФК Вардар го засили нападот со Ромеро

Фудбалскиот шампион Вардар успеа да ја пополни дупката во нападот со постигнувањето на договор со Цезар Ромеро, кој важи една година со можност за продолжување на уште една.

Фудбалерот доаѓа од ерменскиот клуб Пјуник, каде успеа да се закити со титулата прв стрелец во првенството и во 21 натпревар постигна 26 голови.

За желбите и амбициите што Ромеро ги има за Вардар изјави: „Ми го кажаа кога се договоравме со екипата дека од Вардар се бараат трите титули во идниот шампионат и дека на секој натпревар тимот оди на победа. Тоа и јас го посакувам, да победувам, да славам. Да постигнувам што повеќе голови и се надевам дека ќе ја оправдам довербата која ми је укажана да бидам дел од оваа екипа. И она што е најважно Вардар да победува и да дојде до сите трофеи“