Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФинците поставуваат кабел преку Балтичкото море долг 1.200 километри!

Финците поставуваат кабел преку Балтичкото море долг 1.200 километри!

Финската ИТ компанија „Синија“ соопшти дека ќе проектира 1.200 километри долг кабел за брз пренос на информации пре Балтичкото море од Германија, со цел привлекување на технолошки компании во својата земја. Државната компанија „Синија“ соопшти дека кабелот од оптички влакна ќе има капацитет од 144 терабити во секунда, со што ќе биде побрз преносот на информации од Европа.

За сега не е познато колку ќе чини овој проект. Финска до сега користеше слични услуги преку Шведска. Германската фирма „Хецнер онлајн“ моментално гради свој центар во Хелсинки, со кој е поврзана со споменатата финска компанија „Синија“.