Thursday, Feb 27, 2020
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласФини соседи: Финска слави 100 години независност, Норвешка ќе и подари планински врв

Фини соседи: Финска слави 100 години независност, Норвешка ќе и подари планински врв

norveska-finska-planina

Норвешката влада размислува да ја помести границата до Финска, со што на соседната држава ќе ѝ даде планина, како подарок за 100-годишнината од нејзината независност, објавуваат светските медиуми. Планината Хаити би претставувала највисок врв во Финска.

– Постојат одредени правни потешкотии, со што уште не ја донесов мојата конечна одлука, но размислуваме за таква можност – кажа норвешката премиерка Ерна Солдберг.

norveska-finska-planina2

Планината Хаити се наоѓа на границата помеѓу двете скандинавски држави. Со поместувањето на границата за 40 метри, Финска би го добила врвот Хладитошка висок 1.331 метар.

Финска ќе слави 100-годишнина од стекнувањето независност од Русија, на 6 декември в година.