Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФиналето од Лигата на шампионите ќе се игра во источна Европа!

Финалето од Лигата на шампионите ќе се игра во источна Европа!

Финалето од лигата на шампионите 2018 година ќе се игра во Киев, потврди денес член на извршниот одбор на Европската фудбалска Унија УЕФА, Франтишек Лауринец. Украина во 2018 година ќе биде домаќин на најважниот натпревар од европското клупско натпреварување еден месец пред да започне Светското фудбалско првенство во соседна Русија.

УЕФА ги оневозможи средбите меѓу руските и украинските клубови во нејзните натпреварувања од 2014 година бидејќи Русија го анектираше Крим. Лауринец е на чело на панелот на УЕФА кој е посредник меѓу Русија и Украина во однос на фудбалските прашања. Меѓу препреките во Киев да биде доделена организацијата за финалниот натпревар во 2018 година се и потенцијалните проблеми со визите за руските претставници и гостиите на спонзор лигата, рускиот нафтен гигант Газпром.