Thursday, Nov 23, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМузејУкраина може да остане без Евровизија, поради забраната за руската претставничка

Украина може да остане без Евровизија, поради забраната за руската претставничка

kiev evrovizija

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) би можела да ѝ го одземе правото на Украина да биде домаќин на „Песна на Евровизија 2017“ доколку до крајот на следната недела не се реши ситуацијата со претставничката на Русија. Ова го изјавила претседателката на ЕБУ, Ингрид Делтенре, според која „таквото однесување е апсолутно неприфатливо“.

– Длабоко жалам што Евровизија се користи за политички игри – додала Делтенре и нагласила дека ова натпреварување не е за „поттикнување на луѓето едни против други“ и се заканила дека може да се воведат санкции за Украина.

Годинава Русија на Евровизија би требало да ја претставува Јулија Самоилова, но украинската служба за безбедност ѝ забрани влез во земјата на три години поради нејзин настап на Крим.