Saturday, May 11, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамФетел најбрз во Бахреин – Ферари го надмудри Мерцедес

Фетел најбрз во Бахреин – Ферари го надмудри Мерцедес

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел победи на патеката Шакир за Големата награда на Бахреин. Фетел имаше одличен старт во кој го помина Хамилтон, за потоа со мудра стратегија и прво влегување во боксот да заврши и пред вториот возач на Мерцедес, освојувачот на пол-позицијата, Валтери Ботас.

И покрај тоа што во последните 10-тина круга зад него, Хамилтон опасно му се добложуваше, Фетел стигна до втора победа во 2017 по таа во Австралија и се зацврсти на првото место во генерален пласман. Зад него беа двајцата возачи на Мерцедес, Хамилтон и Ботас, додека топ 5 го комплетираше Кими Раиконен во второто Ферари и Даниел Рикијардо во Ред Бул, кои потфрлија со брзината и со откажувањето на Макс Ферстапен.

1. Себастија Фетел – Ферари
2. Луис Хамилтон – Мерцедес
3. Валтери Ботас – Мерцедес
4. Кими Раиконен – Ферари
5. Даниел Рикиардо – Ред Бул
6. Фелипе Маса – Вилијамс
7. Серџо Перез – Форс Индија
8. Роман Грожан – Хас
9. Нико Хулкенберг – Рено
10. Естебан Окон – Форс Индија
11. Паскал Верлајн – Заубер
12. Даниел Квјат – Торо Росо
13. Џојлон Палмер – Рено