Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХамилтон го возврати ударот на Фетел

Хамилтон го возврати ударот на Фетел

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Кина во Шангај.

Хамилтон ја заврши трката во еден час и 37 минути, и ја постигна 54-та победа во својата кариера, а пета во Шангај. Второто место го освои возач на Ферари, Себастијан Фетел, додека трет беше Макс Верстапен од Ред Бул, кој ја почна трката на 16. место.

Четврто место му припадна на Даниел Рикардо од Ред Бул, а петти беше возач на Ферари, Кими Раиконен. Поени освоија уште и Валтери Ботас од Мерцедес, Карлос Саинц од тимот на Торо Росо, Кевин Магнусен на Хаса и двајцата возачи на Форс Индија, Серхио Перез и Естебан Окон.

Следната трка во шампионатот ќе се одржи од 16 до 17 април за големата награда на Бахреин.