Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамХамилтон: Ферари го има најдобриот болид во Формула 1

Хамилтон: Ферари го има најдобриот болид во Формула 1

Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон изјави дека нивните најголеми конкуренти тимот на Ферари го имат најдобриот болид и дека неговиот тим Мерцедес ќе има многу тешка задача да ја одбрани титулата.

“Ние стигнавме не подготвени во Монако, работите не одеа според нашиот план, болидот се однесуваше многу поинаку него до сега, што ги збуни механичарите. Тие го поправија проблемот, но потоа се друго стана полошо. Повторно имаме ситуација кога мојот болид не функционираше добро, но не можеше да се открие проблемот. Ќе биде тешко да ја одбраниме титулата, бидејќи Ферари изгледа одлично на сите стази. Тие го имаат најдобар болид во Формула 1 оваа година”, изјави Хамилтон.