Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФергусон: Роналдо е подобар од Меси

Фергусон: Роналдо е подобар од Меси

Веќе со години трае дилемата околу тоа кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, а легендарниот Сер Алекс Фергусон го изнесе својот став по тоа прашање. Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед смета дека Португалецот е подобар бидејќи е во состојба да постигне и хет-трик за клуб како Стокпорт-Каунти (англиски шестолигаш). Од 2008 година па наваму Роналдо и Меси се единствените фудбалери кои се прогласувани за најдобри на светот по сезона, со тоа што Аргентинецот освои пет, а Португалецот три „Златни топки“.

„Немојте да ме сфатите погрешно, Меси е фантастичен фудбалер, како да носи папучи кога ја контролира топката. Но за мене постои разлика, Меси е играч на Барселона, додека Роналдо може да игра и за Стокпорт-Каунти и притоа да постигне хет-трик“, изјави Фергусон.

Статистика на Меси и Роналдо, од доаѓањето на Роналдо во Реал Мадрид

Статистика

Токму Шкотот е најзаслужен за развојот на Роналдо, тој го донесе од Спортинг во Јунајтед на 18-годишна возраст и го тренираше во таму шест години.

„Тој има се. Може да шутира со двете нозе, глава, храбар е како лав, а постои и нешто што луѓето не го забележуваат. За време на мојот престој во Јунајтед имавме среќа да имаме многу фудбалери кои тренираат „прекувремено“ за да бидат уште подобри. Гери Невил од просечен играч прерасна во одличен бек само поради работната техника, исто како и Дејвид Бекам. Но Роналдо потпополно се исрпуваше самиот себеси, тоа го прави и понатаму. Тој едноставно сака да биде најдобар во светот“, додаде легендарниот тренер.