Friday, May 3, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНајдобрата „деветка“ во светот денес полни 40 години!

Најдобрата „деветка“ во светот денес полни 40 години!

За некои фудбалери кариерата не се завршува кога ќе заминат во пензија, а еден од нив дефенитивно е Роналдо Назарио де Лима, кој денес полни 40 години. Бразилскиот напаѓач е роден на 18 септември 1976 година во Рио Де Женеиро и многу го сметаат за најдобар фудбалер на светот. Иако и понатаму стои поделба околу тоа кој Роналдо е подобар, сепак според многумина „Ел Феномено“ е единствениот и вистинскиот Роналдо.

Европската кариера ја започна во ПСВ Ајндховен 1994/1995 година, а две години подоцна се пресели во Барселона, каде играше една сезона. После тоа премина во редовите на Интер каде го освои купот УЕФА. За Реал Мадрид потпиша во 2002 година каде играше до 2007, за потоа да премине во редовите на Милан.

26476639057de835632387038690747_w640

Роналдо настапуваше и за репрезентацијата на Баразил, со која во 2002 година го освои светското првенство, а тој беше најдобар стрелец на турнирот со осум погодоци. Во текот на својата феноменална кариера, освојуваше титули кои навистина е тешко да се набројат: Првенството во Бразил, Холандија и Шпанија, купот во Холандија, два пати Светското првенство, два пати беше прогласуван за најдобар фудбалер на светот и еднаш ја освои Златната копачка.

Својата неверојатна кариера најдобрата „деветка“ во светот ја заврши во Коринтијанс во 2011 година, а во фудбалската историја ќе биде запишан како играч кој постигнал повеќе од 450 сениорски погодоци на повеќе од 700 натпревари. Еден и единствен, Роналдо.