Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПеп тврди: Само еден играч на светот е подобар од Де Брујн!

Пеп тврди: Само еден играч на светот е подобар од Де Брујн!

Тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола денес оцени дека само Лионел Меси е подобар од неговиот фудбалер Кевин Де Брујн. Сити во саботата славеше над Борнамут со 4:0 и така ја оствари својата пета победа во петото коло од англиската Премиер лига оваа сезона. „Граѓаните“ ги добија сите осум натрпеварувачки средби во оваа сезона, а главна алка во тие победи беше токму Де Брујн.

„Мислам дека тој е посебен, исклучителен играч. Тој креира се. Без топка е вистински борец, а со топка гледа апсолутно се. Секогаш донесува вистински одлуки на теренот. Затоа тој е играч на посебно ниво, а ние имаме среќа што тој игра за нас“, изјави Гвардиола.

„Тој е еден од најдобрите, во тоа нема сомнение. Сепак, мораме да го издвоиме Меси. Кевин е неверојатен фудбалер, но сепак Меси е класа играч кој заслужува огромна почит“, додаде Гвардиола.