Wednesday, Jul 26, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер, Мареј и Надал победија

Федерер, Мареј и Надал победија

 

Поранешните освојувачи на Вимблдон Роџер Федерер, Енди Мареј и Рафаел Надал го започнаа овогодинешниот турнир со победи. Тие во првото коло беа поуспешни од своите противници. И на тројцата им беа потребни само по три сета за да дојдат до победата.

23 Jun 1997:  Aerial view of the courts during the Lawn Tennis Championships at Wimbledon in London.  Mandatory Credit: John  Gichigi/Allsport

Седумкратниот освојувач и втор носител годинава Федерер го совлада Дамир Џумхур од Босна и Херцеговина со 6-1, 6-3, 6-3. Во репризата на меѓусебниот дуел од третото коло во Ролан Гарос, каде што исто така го победи во три сета 88. тенисер на АТП-листата, на Швајцарецот му беа потребни само 70 минути.

Надал пак, помина речиси двојно повеќе време на теренот во клубот „Ол Ингланд“ против Томаз Белучи од Бразил пред да слави со 6-4, 6-2, 6-4.

Енди Мареј со 6:4, 7:6 и 6:4 без многу проблеми успеа да го совлада Михаил Кукушкин

Резултати од првото коло, мажи: Пер (Франција) – Јужни (Русија) 6-4, 6-4, 6-3; Баутиста (Шпанија) – Бемелманс (Белгија) 6-1, 6-3, 7-6 (6); Долгополов (Украина) – Едмунд (В. Британија) 7-6 (4), 6-1, 6-2; Браун (Германија) – Лу (Тајван) 3-6, 6-3, 7-5, 6-4; Сепи (25., Италија) – Клајн (В. Британија) 6-3, 6-3, 6-2; Карловиќ (23., Хрватска) – Имер (Шведска) 6-7 (2), 6-2, 6-4, 7-6 (2), Дакворт (Австралија) – Жазири (Тунис) 7-6 (2), 6-2, 3-6, 3-6, 7-5; Басилашвили (Грузија) – Бањис (Аргентина) 6-4, 7-6 (3), 6-2, Грот (Австралија) – Сок (САД) 6-3, 3-6, 6-3, 6-3; Фоњини (27., Италија) – Смичек (САД) 6-4, 6-3, 6-2, Рамос (Шпанија) – Истомин (Узбекистан) 6-2, 6-2, 3-2 предадено.

Жени, прво коло: Свитолина (Украина) – Дои (Јапонија) 3-6, 6-3, 6-2; Мугуруза (Шпанија) – Лепченко (Русија) 6-4, 6-1; Делаква (Австралија) – Пашек (Австрија) 6-2, 6-2; Кербер (10., Германија) – Витхефт (Германија) 6-0, 6-0; Нара (Јапонија) – Линет (Полска) 3-6, 6-3, 4-3 предадено; Лучиќ-Барони (Хрватска) – Шведова (Казахстан) 7-5, 6-7 (5); 7-5; Пављученкова (Русија) – Бартел (Германија) 6-7 (3), 7-6 (4), 6-2.