Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНадал ќе настапува на Олимписките игри во Рио!

Надал ќе настапува на Олимписките игри во Рио!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал сепак одлучи да биде дел од претсдоечките Олимписки игри во Рио. Шпанскиот тенисер ги отстрани сите дилеми и го потврди своето учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Неговиот настап беше неизвесен од причина што сè уште чувствува последици од повредата на рачниот зглоб, меѓутоа, реши да се пријави во поединечна конкуренција, во машки двојки и во мешани двојки. Надал ги пропушти Ролан Гарос и Вимблдон, но нема намера да ги прескокне и Игрите во Бразил, на кои ќе биде и знаменосец на својата земја.