Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаFacebook ја блокираше исламофобичната страна Pegida Macedonia

Facebook ја блокираше исламофобичната страна Pegida Macedonia

Facebook по огормниот број на примени забелешки за ширење на омраза и промовирање на исламофобични ставови ја блокираше страната на Pegida Macedonia која се обидуваше ултрадесничарското и неонацистичко движење од Германија да го пренесе и на нашите простори.

pegida_macedonia_profile_pic

Почетните реакции на корисниците кои се против верска нетолеранција не вродија со плод бидејќи Facebook проценил дека страната не ги прекршува правилата, но по се поголемиот притисок страната на Pegida е остранета. Зад нејзиното формирање и точно кој стои зад ширењето на навредливи и опасни пораки засега нема информации.