Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕвропа разочарана од одлуката на Турските граѓаниѓ

Европа разочарана од одлуката на Турските граѓаниѓ

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц изјави дека резултатите од референдумот во Турција веројатно ќе ја отежне идната соработка меѓу Анкара и Европската унија.

Курц објави на Твитер дека резултатот покажува колку е поделена земјата. – Соработката со ЕУ ќе стане потешка, смета тој.

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека е важно да се задржи воздржаноста по референдумот во Турција за зголемување на надлежностите на претседателот, без разлика на исходот од гласањето.

Тој во кусата изјава наведе дека е добро што завршила жестоката кампања за референдумот. За време на кампањата се влошија односите меѓу Турција и некои европски земји, меѓу кои и Германија, поради ограничувањата на турските политичари да агитираат за поддршка на уставните измени меѓу Турците во странство.

Членови на Европскиот парламент изразија разочарување од резултатот од референдумот.

Манфред Вебер, лидер на групата на Европската народна партија во ЕП, изјави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја разделил земјата, а копретседателот на групата на Зелените Ска Келер изјави дека резултатот е „поразителен за демократијата во Турција“.

Вебер за германската телевиозија Це-Де-Еф изјави дека Турција се движи во погрешна насока, насочувајќи го вниманието кон масовните отпуштања од работа по обидот за преврат во јули и затворањето на новинари и државни службеници.

– Сега, кога Турција очигледно тргна во погрешна насока од европска гледна точка, ние треба повторно да ги оцениме нашите односи и конкретно тоа значи дека преговорите за приклучување на Турција кон ЕУ, кои се уште ги водиме, не може да продолжат, рече Вебер.

Високиот претставник на Германската социјалдемократска партија, Аксел Шефер изјави дека мнозинството, кое ги поддржало измените на уставот на референдумот во Турција, може да се сврти против самата демократија, споменувајќи ги изборите во 1933 година во Германија, кога се беше дадена поддршка за нацистите на Адолф Хитлер.

Лидерот на германските Зелени, Џем Јоздемир, кој е од турско потекло, посочи на Твитер дека ова е „црн ден за Турција“, но додаде дека „речиси 50 отсто гласале за демократија и против диктатура“. – Ние застанавме на нивна страна, рече Јоздемир.

Беатриск фон Шторх, европратеник од антимирациската партија Алтернатива за Германија, ги повика на Твитер сите Турци со германски пасош, кои гласале за поддршка на исламската диктатура во Турција да ја напуштат Германија.

Петер Алтмајер, шеф на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е потребно да се почекаат официјалните резултати пред да биде даден каков било коментар.