Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕврејските гробишта во Битола ќе станат меморијален парк

Еврејските гробишта во Битола ќе станат меморијален парк

Еврејските гробишта во Битола ќе станат меморијален парк – тоа е фокусот на потпишаниот Меморандум за соработка, помеѓу градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески, неговата екселенција Дан Оријан, израелски амбасадор во Македонија и раководител на одделот за Балканот и Здружението за одржлив урбан развој, архитектура и амбиент – АРХАМ од Битола.

Проектот предвидува прво симболично засадување дрвја, а нивниот број ќе биде еднаков со бројот на еврејските семејства што некогаш живееле во Битола, конзервација на еврејските гробишта, подигнување на јавната свест на локалната заедница за значењето на оваа урбана целина и промоцијата на овој историски споменик за сите посетители на градот, а особено за Евреите од целиот свет; создавање платформа за проширување на партнерите во овој проект со соодветни национални и меѓународни институции, меѓународна промоција на овој историски простор, со што ќе се придонесе во зацврстување на пријателството, соработката и меѓусебното разбирање меѓу македонскиот и израелскиот народ.

Овој меморандум беше финале на сите други дипломатски и културни активности, кои што во рамките на „Бит-фест“ се реализираа со соработката на израелскиот амбасадот Дан Ориан и битолскиот градоначалник Талески, а во Музејот беше премиерно претставена и изложбата „Еве сум“- Израелските предели во илустрациите на детски книги издадени од 1948 до 2014 година. Изложбата ја пренесува пораката за изградбата на свеста на националниот идентитет, преку сликовниот јазик на детските илустрации. Изложбата, која е подготвена на македонски јазик премиерно се поставува во Битола,за публиката на „Бит-фест 2015“.