Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕУ: Загрижувачка чистка во медиумите во Турција

ЕУ: Загрижувачка чистка во медиумите во Турција

Европската Унија смета дека чистката која се случува во турските медиуми после неуспешниот обид за воен удар веќе станува загрижувачка, пренесува портпаролката на ЕУ Маја Коцијациќ. Од Брисел ја предупредиле Анкара да ги испочитува основните слободи и права. Како земја кандидат за членство во Унијата, Турција треба да „тежи“ на највисоките можни стандарди и да ги почитува медиумските слободи, истакна портпаролката на ЕУ.

Турските власти од 15 јули, кога делот од воениот врв се обиде да изведе државен удар, затворија повеќе десетици медиумски организации. Покрај тоа, беше издаден и налог за апсење на 47 поранешни директори, уредници и новинари. Портпаролката изјави дека загрижувачки е фактот дека веднаш после воведувањето на вонредна состојба, биле издадени налози за апсење на голем број на новинари, додека многу медиуми биле укинати.