Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕУ со прва санкција кон Македонија

ЕУ со прва санкција кон Македонија

Европската Унија според информациите на Алсат М ќе ја спроведе првата санкција против Македонија за нерешавањето на политичката криза со сопирање на средствата за претпристапна помош ИПА во износ од дваесетина милиони долари наменети за различни проекти.

Донесувањето на оваа одлука се поклопува и со обраќањето на евро амбасадорот Орав кој посочи дека кризата мора да се реши и излез да се најде во наредните денови, но политичкиот процес и понатаму е закочен за клучните точки од Пржинскиот договор.

Дипломатите ќе притискаат и за формирање на специјално судско одделение за предметите на СЈО, а врвот на оваа „офанзива“ ќе го спроведе и Викторија Нуланд од американскиот Стејд Департмент која е на многу повисока функција во однос на досегашниот претставник Хојт Ји.