Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЕУ парично ќе го помогне Црвениот крст во справување со емигрантите

ЕУ парично ќе го помогне Црвениот крст во справување со емигрантите

Европската Унија донираше симболична сума од 90 илјади евра со која Црвениот крст на Република Македонија ќе може да работи во справување со емигрантите и нивна помош при транзитот со цел да се избегнат последици и можна хуманитарна криза.

имигранти

„Помошта ќе ги покрие основните потреби, како што се услуги од примарната здравствена заштита, снабдување со вода, храна, хигиенски пакети, ќебиња, облека, чевли, продукти за нега на бебиња“, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Екипите на Црвениот крст се на терен и најмногу се фокусирани на прифатниот центар за азиланти, како и на главните железнички линии од јужната до северната граница.