Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕрдоган на референдум ќе ја откачи ЕУ

Ердоган на референдум ќе ја откачи ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се заканува со реферндум на кој граѓаните би и испратиле порака на Европската Унија дека им е преку глава од децениската дискриминација и рекордното траење на процесот на преговори за членство. Оваа закана доаѓа во ист момент кога во Британија се гласа на референдум за или против одржување на членството во ЕУ.

– Ние ќе преживееме и без укинување на визите, како и до сега. Ќе можат ли сепак европските земји да ја прифатат со истата ладнокрвност ситуацијата, кога ќе бидат урнат соништата на милиони бегалци, чиј живот е поврзан со договорот за реадмисија и можностите кои тој ги претставува? – прашува Ердоган.

Ердоган се закани ако ЕУ не ја симне визната либеризација и ако не ја зголеми финансиската предпристапна помош тогаш Парламентот нема да го прифати договорот за реадмисија на бегалците кои повторно ќе паднат на товар на Брисел.