Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕрдоган ќе им дава турско државјанство на сириските бегалци

Ердоган ќе им дава турско државјанство на сириските бегалци

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган вчера најави дека владата работи на проект кој во крајна линија би им овозможувал на сириските бегалци, кои тоа го сакаат, да добијат турско државјанство.

„Ви јавувам добра вест. Ќе им помогнеме на нашите сириски пријатели нудејќи им ја можноста, ако тоа го сакаат, да добијат турско државјанство“, рече Ердоган во говорот во јужната покраина Килис, на границата со Сирија, по повод ифтарската вечера.

Министерството за внатрешни работи набрзо би требало да ја објави постапката потребна за стекнување државјанство, додал турскиот претседател, без да наведе детали за оваа иницијатива, за која се претпоставува дека ќе предизвика контроверзии.

„Ве сметаме за наши браќа и сестри, не сте оддалечени од вашата татковина, туку само од своите куќи и добра, бидејќи Турција е и ваша татковина“, додал Ердоган пред собирот на сириските бегалци.

Турција на својата територија примила околу 2,7 милини раселени лица од Сирија, кои побегнаа пред граѓанската војна во нивната земја која започна во марти 2011 година. Тие, правно гледано, за Турција не се бегалци, туку „гости“. Турската влада веќе одобри работни и дозволи за престој за ограничена група Сиријци.