Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕЛЕМ и МЕПСО добија нови Управни одбори

ЕЛЕМ и МЕПСО добија нови Управни одбори

Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) доби целосно ново раководство откако за генерален директор и претседател на Управен одбор е избран Драган Миновски кој дојде на местото на Христијан Мицкоски.

Во Управниот одбор покрај Миновски се и Благојче Трповски , Ѓорги Михаилов, Иван Трпески и Марјанчо Николов.

Трповски е директор за производство на електрична енергија, Михаилов директор за правни и општи работи, Трпески директор за развој и инвестиции, додека пак Марјанчо Николов е директор за комерцијални работи.

Во Надзорниотт одбор на ЕЛЕМ нови членови се: Златко Перевски, Верица Узунова, Ѓоко Ташев и Сашо Додовски.

Владата назначи и целосно нов раководен тим на државната компнија за пренос на електрична енергија МЕПСО, чиј нов генерален директор е Сашо Василевски.

Покрај него, за нови членови на Управниот одбор на МЕПСО се именувани Борко Алексоски (директор за управување со електропреносниот систем), Симон Шутиноски (директор за управување со пазарот на електрична енергија), Ненад Крстевски (директор за правни и општи работи во дирекција), Сашо Стефановски (директор за пренос на електрична енергија, Томи Божиновски (директор за информациони технологии и телекомуникации во дирекција).

Новиот Надзорен одбор на МЕПСО, пак, ќе го сочинуваат Ева Шуклева, Даме Коруноски, Николче Ацевски, Назиф Буши, Снежана Чундева и Трајче Черепналковски.