Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаКомпанијата на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

Компанијата на Анѓушев бара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО

Компанијата „Енерџи деливери солушн“ (ЕДС) побара спогодбено раскинување на договорот со МЕПСО за испорака на електрична енергија за покривање на загубите во електропреносниот систем на Македонија потпишан во декември 2016 година.

Во барањето доставено од компанијата до МЕПСО, стои дека причина за барањето е избегнување на секаков можен сомнеж за судир на интерес по назначувањето на сопственикот на компанијата, Кочо Анѓушев, за вицепремиер задолжен за економски прашања.

„Поради перцепцијата во јавноста дека функцијата заменик-претседател на Владата и позицијата доминантен сопственик во компанијата која испорачува, односно продава електрична енергија на акционерско друштво во државна сопственост, како што е МЕПСО, претставува судир на интерес, бараме договорот да биде спогодбено раскинат и ЕДС ДОО Скопје да биде ослободен за испорака на електрична енергија за ноември 2017 година“, стои во барањето на компанијата доставено до МЕПСО.