Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕкстерното и локалните ибори денеска на дневен ред во Собранието

Екстерното и локалните ибори денеска на дневен ред во Собранието

Собранието за денеска има обемна програма за работа, бидејќи покрај изборот на собраниските комисии, ќе решава и за предлог-закони за да се продолжи мандатот на градоначалниците и на советите на општините, како и за укинување на екстерното тестирање.

Продолжувањето на мандатите на општинските татковци и совети ќе се прави со предлог-закон за изменување и за дополнување на Изборниот законик по скратена постапка. Предлогот е поднесен од Оливер Спасовски, Ејуп Аљими, Африм Гаши и од Весел Мемеди.

Екстерното тестирање ќе се укине со изменување и со дополнување на законите за основното и за средното образование, како и на законот за наставници во основните и во средните училишта. Сите три закони се поднесени од коалицијата на СДСМ.