Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕксклузивно интервју во Габриела Лазова: Ги бараме вистинските луѓе за бум во дигиталниот маркетинг

Ексклузивно интервју во Габриела Лазова: Ги бараме вистинските луѓе за бум во дигиталниот маркетинг

Габриела Лазова е родена 1988 година во Скопје. Дипломиран економист на економскиот факултет во Скопје, отсек финансиски менаџмент. Веќе 4.5 години е дел од агенцијата LeanSEM кај нас, од кои околу три години е на позицијата партнер и директор. Со Лазова разговаравме за предизвиците и можностите кои ги нуди оваа професија, одговорноста и напорите за успех во полето на дигиталниот маркетинг, и дали многу повеќе  амбициозни и образовани млади , можат да се реализираат и да направат кариера во оваа бранша.

 

 

Позитив.мк: LeanSEM е агенција која повеќе од 5 години функционира во Македонија. Исклучиво работи со клиенти од Силиконската долина во САД. Кажете ни, какво е искуството и кои се предизвиците за Вас како млада личност, да се наоѓа на високата и одговорна функција „Акаунт Директор&Партнер?

Лазова:Иако самата функција можеби звучи ” изискува / demanding” , јас не ја доживувам како таква од повеќе причини. Почнав да работам во LeanSEM скоро од неговото основање,  така што бев дел од неговиот раст и свесна за сите предизвици со кои се соочуваше од самиот почеток. Од таа причина кога дојдов на функција да сум партнер во компанијава,  скоро ништо не ми беше ново ниту непознато. Понатаму,  менторот дефинитивно ми помогна да ја  „дораснам” позицијава бидејќи од самиот  старт ни даде причини да ја гледаме компанијата,  како наша и зборот партнер не беше само титула туку  и вистинско чувство.   Имам природна пасија кон перформнас маркетингот и најверојатно токму поради тоа,  голем дел од предизвиците кои ги носи самата позиција на акаунт директор ми се навистина  интересни и нивното решавање ми носи сатисфакција.

Позитив.мк:Светот се наоѓа во една од досега невидените и најголеми пандемии предизвикани од Ковид-19 вирусот. Целото стопанство и економија на светско ниво се на колена. Како е во вашиот сектор? Кои се последиците по вашата работа од оваа пандемија?

Лазова:Иако не би сакала да генерализирам и верувам дека различни дигитални маркетинг агенции, различно беа погодени од пандемијава, можам да кажам барем од мое лично искуство дека важноста на дигиталниот маркетинг дури повеќе се потенцираше со кризава. Иако апсолутно на западните пазари дигиталниот адвертајзинг е доминантен, фактот дека голем број од бизнисите беа принудени да преминат 100% онлајн дополнително ја зацрсти неговата позиција.

 

Позитив.мк:Во едно Ваше интервју, истакнавте дека ова е работа на кариера, и дека не е работа вообичаена од 09-17:00. Колку според Вас, младите кај нас се мотивирани да „бркаат кариера“ во вакви бранши, или пак се уште бараат „сигурна и стабилна“ работа за 300-400 евра, но да се слободни и после работа да „не се замараат“ со работата?

 

Лазова:Дефинитивно еден од поголемите предизвици со кои се соочуваме е наоѓањето на „вистинските  луѓе”.Пак ќе кажам дека не сакам да генерализирам, но верувам дека Македонија е земја каде што спред мене,  повеќе вредност се дава на таканаречената „стабилност” и фиксно работно време отоколку на можноста за кариерен раст и носење на вредност. Тоа е генералниот впечаток, но тоа  што постојано го гледаме од луѓето кои се веќе дел од LeanSEM, а и од апликантите е потврда дека Македонија не заостанува воопшто зад другите земји од аспект на капацитет и пасија за резултати, затоа сме убедени дека е само прашање на време кога ќе го прошириме нашиот тим со „вистинските  луѓе” 🙂

 

 

Позитив.мк:Дали гледате во иднина, отворање на повеќе вакви фирми во Македонија, односно дали може да се каже дека нашата земја, е неоткриен потенцијал за развој на вакви компании?

Лазова:Сметам  дека во Македонија веќе се отворени голем број на слични компании,  иако надвор од полето на Дигиталниот Маркетинг и дека функционираат доста успешно, така што, тоа ми дава доверба да кажам и да  сметам дека овој тренд ќе продолжи.

 

Позитив.мк:Каде се гледате Вие и вашата фирма за 5 години? Кои се вашите визии, цели и амбиции?

Лазова: Со оглед на динамиката на моменталното секојдневие стварно ми е тешко да визуализирам каде би се наоѓала 5 години од сега.

Од аспект на LeanSEM нашата цел е во следните неколку години е да го триплираме постоечкиот тим во Македонија и целосно да ја замениме потребата на нашите клиенти за внатрешни дигитал маркетинг тимови. А мојата цел и амбиција е да помогнам да се реализира таа визија 🙂

Затоа,  ги повикувам сите страствени маркетери да ни се приклучат кон нашата визија,  да станеме најдобрата премиум маркетинг агенција во светот.