Wednesday, May 8, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиЕдна деценија „Виноскоп“ – петдневно уживање во вино, закуски и музика

Една деценија „Виноскоп“ – петдневно уживање во вино, закуски и музика

Јубилејното десетто издание на фестивалот „Виноскоп“ годинава ќе се одржува од од 28 септември до 2 октомври во центарот на Скопје.

Градот Скопје секоја есен ужива во боите и вкусовите на македонското вино и деликатеси кои одлично одат во комбинација со добра чаша квалитетно вино, а годинава јубилејно ќе го прославиме десеттото издание на најпознатиот вински фестивал. Од организацијата по повод јубилејот ветуваат весела музичка програма, учество на над 20 винарии како и многу други забавни активности со кои ќе се одбележи десетиот роденден на Вино Скоп.