Saturday, Apr 27, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтомЕдна чаша црвено вино еднаква на еден час поминат во сала за вежбање

Една чаша црвено вино еднаква на еден час поминат во сала за вежбање

Дали сте голем љубител на дневната умерена доза на црвено вино? Добра вест, можете слободно да се препуштите на ова слатко задоволство без да размислувате на тоа дали нешто ќе се наталожи на вашето тело. Новите истражувања покажуваат дека пиењето црвено вино помага во согорување на маснотиите.

Од универзитетот од Алберта во Канада дошле до пронајдок на една состојка во црвеното вино наречена „ресвератрол“ која влијае на нашето тело многу слично како кога вежбаме. Оваа состојка помага во подобрување на физичката активност, функционирањето на срцето и зајакнување на мускулната маса на истиот начин на кој би се потрошил еден час во теретана.

Главниот истражувач, Jason Dyck изјавил: „Состојката ресвератрол може да им помогне на  луѓето кои сакаат да вежбаат но се физички неспособни“.