Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕден полицаец загина при вооружена престрелка во Истанбул

Еден полицаец загина при вооружена престрелка во Истанбул

Еден полицаец денеска загина во истанбулскиот кварт Арнавуткој, јавија турските медиуми.

Инцидентот се случил кога полицајците се обиделе да приведат осомничено лице за илегална трговија со дрога, пренесува БТА.

Во престрелката биле повредени двајца полицајци, од кои едниот им подлегна на повредите во болница.

Според непотврдени информации убиен е и наркодилерот.