Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноОсвојувањето на Констатинопол одбележано со фантастичен ќилим од лалиња

Освојувањето на Констатинопол одбележано со фантастичен ќилим од лалиња

Туристите во Истанбул се воодушевија од рекордниот ќилим креиран од стотици илјади лалиња кои се поставени со цел да се потсети на освојувањето на Констатинопол од страна на Осмалниите. Ќилимот е „распослан“ во реонот меѓу „Света Софија“ и џамијата „Султан Ахмет“.

maxresdefault (1)

Според весникот „Сабах“, „килимот“, кој има традиционални мотиви е во црвено-жолто-беа комбинација и се простира на површина од точно 1.453 метри квадратни.

Оваа бројка е намерно избрана, бидејќи во 1453 година Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Инстанбул.

„Сабах“ нагласува дека ова е до сега најголемиот „килим од лалиња“ во светот.

Лалињата искористени за „килимот“ потекнуваат од источна Турција и од степите во Централна Азија, каде овој цвет првично бил култивиран од Турците Османлии и подоцна пренесени во Истанбул.