Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕден мртов, двајца ранети албански специјалци во „кралство на марихуаната“

Еден мртов, двајца ранети албански специјалци во „кралство на марихуаната“

Еден полицаец е убиен, а двајца припадници на албанските специјални сили се ранети во голема престрелка која утринава избила околу селото Лазарат, албанското „кралство на марихуаната“, соопштила албанската полиција. Полицијата интервенирала по синоќешна престрелка во селото, но била пречекана со интензивно пукање од автоматско оружје.

Албанската полиција влегла утринава, прв пат по една година, во албанското село Лазарат, откако се слушнало пукање од автоматско оружје, јавуваат албанските медиуми. Во полицајците било пукано кога сопреле автомобил со вооружени лица во атарот на селото Лазарат, на југот на земјата. Истрелите биле испукани од блиска куќа.
lazarat droga
Специјалците биле пречекани со жестоко пукање од страна на петнаесет маскирани лица, кои медиумите ги поврзале со бандата која со години го контролира овој регион и производството на марихуана. Акцијата на полицијата е втор обид на албанските власти од локалните банди да ја преземат контролата врз Лазарат, околу кое се наоѓаат полиња засадени со канабис. Како и минатата година, маскирани лица во полицијата пукале со снајперски пушки и автомати.

Полицијата со години не влегувала во Лазарат, бастион на произведувачите на дрога, кои испраќаат големи количества канабис во останатите европски земји. Во јуни 2014 година беше почната голема операција против оваа индустрија. Во период од пет дена беа уништени над 80.000 стебла марихуана и 23 тони канабис. Запленети беа 11 парчиња тешко оружје, експлозив, муниција и десет бомби. Уапсени беа 14 лица а претресени 130 куќи. На жителите на селото Лазарат, одгледувањето марихуана им е главна дејност. Од вкупната сума на бизнисот со марихуана во селото остануваат околу половина милијарда евра.