Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДве мртви лица во автомобил на патот Драчево – Долно Количани

Две мртви лица во автомобил на патот Драчево – Долно Количани

Две машки лица вчеравчер се пронајдени мртви во возило крај местото Локва, на локалниот пат Драчево – Долно Количани.

Податоците на полицијата говорат за тоа дека лицата се пронајдени во околу 19 часот, во автомобил „ровер“ кој има охридски регистарски таблички. Лицата се здобиле со повреди на главата, најверојатно предизвикани од огнено оружје, кое исто така е пронајдено и е предадено на вештачење.

Неофицијалните информации сугерираат на тоа дека се работи за убиство и  самоубиство.