Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДве момчиња прободени со нож во тепачка со мигранти

Две момчиња прободени со нож во тепачка со мигранти

Двајца шверцери на мигранти се повредени во тепачка со мигранти што се случила вчера попладне. Oколу 18:45 часот полицајците забележале два автомобила на стариот пат за Градско. Едниот автомобил „мерцедес“ со којшто управувал деветнаесетгодишник од Кавадарци и уште едно возило „ауди“ во коешто бил еден малолетник и четворица непознати македонски државјани.

Во близина на возилото пронајдени се пет мигранти, четворица од Мароко и еден од Алжир, кои за износ од 700 евра требало да ги превезат до Куманово. Малолетникот во разговор со полицијата кажал дека откако возилото останало дефект, почнала кавга меѓу малолетникот и момчето кое го управувало „мерцедесот“ од една страна и мигрантите од друга страна.

Кавадарчанецот бил прободен со нож во ногата, додека малолетникот бил удрен со тврд предмет во лицето. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Вчера утрото се случил уште еден инцидент со мигранти, кога товарно возило „мерцедес вито“ излетало од патот при обид да им избега на полицајците кои сакале да сопрат возилото.

Возилото излетало кај село Калоково и удрило во нискостеблести растенија, а возачот избегал. Во возилото се пронајдени девет мигранти од Авганистан, кои се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје, а се преземаат мерки за откривање на возачот.