Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДвајца осуденици починале вчера во Идризово

Двајца осуденици починале вчера во Идризово

Двајца осуденици починале вчера во затворот во Идризово. Според информациите се работи за 52-годишно лице болно од астма, кое добило воспаление на белите дробови и бронхопнеумонија.

Директорот на затворот Идризово Живко Пејковски, за 24 Вести ја потврди информацијата за двата смртни случаи, додека за вториот случај вели дека најверојатно се работи за предозираност со лекови. Се очекуваат резултати од обдукцијата.

Мери Николова за А1он изјави дека има информација за едното починато лице дека било тепано до смрт од страна на командирите. Според неа, во последната година има некаде околу 10 смртни случаи токму поради насилното однесување на чуварите и поради недоволната здравствена услуга.