Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДва земјотреси во час и половина го погодија Балканот

Два земјотреси во час и половина го погодија Балканот

Два земјотреси утрово го „потресоа“ Балканот, првиот во Албанија во околу 7.26 часот, а час и половина подоцна и во Словенија.

Земјотресот кај нашиот западен сосед е почуствуван и во Република Македонија и на север во Црна Гора. Епицентарот на потресот се наоѓа на 36 километри. источно од главниот град Тирана. Во Словенија, пак, епицентарот на потресот се наоѓа на околу 35 километри. од главниот град Љубљана, во реонот на Брежица. Интензитетот на земјотресите изнесувал нешто повеќе од 4,7 степени според Рихтеровата скала.