Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДва патнички авиони се судрија на писта во Џакарта

Два патнички авиони се судрија на писта во Џакарта

Два патнички авиони се судрија на пистата на аеродромот во индонезискиот главен град Џакарта, поради што тоа беше извесно време затворено за сообраќај. Како што јавија индонезиските медиуми, нема податоци за повредени лица при несреќата.

Инцидентот се случил доцна синоќа на воениот дел од аеродром, кој се користи и за цивилни летови, со цел да се растовари сообраќајот на аеродоромот во Џакарта. Авиокомпанијата „Батик Ер“ соопшти дека нејзин авион со 49 патници и седум члена на екипажот бил удрен додека возел по пистата од страна на авионот од „Транс Нуса“, кој се движел зад него.

Сликите објавени на интернет покажувааат сериозни оштетувања на крилото на авионот на „Батик “р“. По инцидентот патниците и екипажот се безбедно евакуирани, се додава во соопштението на авиокомпанијата.