Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПатниците бесни – Нема внесување уреди поголеми од мобилен во авионите

Патниците бесни – Нема внесување уреди поголеми од мобилен во авионите

Забраната на поголеми електронски уреди на летовите за САД вчера започна да се спроведува во главниот турски аеродром во Истанбул, објавија тамошните медиуми. Со оваа забрана на патниците не им е дозволено во рачниот багаж да нсат поголеми електронски уреди од паметните телефони, како преносни компјутери, камери и таблети, на летовите на неамериканските компании како Туркиш Ерлајнс. Овие уреди можат да се стават во регуларниот багаж што се предава или во новововедените безбедносни сандуци.

Турските власти изразија несогласување со ваквата одлука на САД. Слична одлука воведе и Велика Британија, а забраната се однесува на неколку држави кои се муслимански. На аеродромите вчера пристигнале безброј поплаки од незадоволни патници кои имале бизнис потреба да го вклучат својот лап топ.