Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДунав црвен од крв

Дунав црвен од крв

Црвената течност што се излеа во петокот во Дунав во близина на Железничкиот мост е од органско потекло, јави Блиц.

Истражувањата на Институтот за јавно здравје на Војводина покажа дека најверојатно станува збор за крв, а конечните резултати ќе бидат објавени утре. Стручњаците во примероците нашле леукоцити и еритроцити, што укажува дека станува збор за крв, најверојатно од блиската кланица и дека не е опасно по здравјето.

– Досегашните резултати покажуваат дека станува збор за органско загадување. Слични случаи не сме имале порано – велат од Институтот за јавно здравје на Војводина.