Tuesday, May 7, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимДржавите размислуваат да го забранат солариумот

Државите размислуваат да го забранат солариумот

Науката има јасен став што се однесува на солариуми: голем број студии укажуваат дека со употребата се зголемува ризикот од рак на кожа бидејќи УВ зрачењето го допира делот од кожата кој е најчувствителен на оваа болест. Одделни земји дискутираат за тоа дали владите би требало да се вмешаат и да ги забранат солариумите или е тоа работа на личен избор, објавува „Кликс“.

Во Австралија и Бразил солариумите се веќе забранети, а неодамна и во САД се покрена расправа за регулација на овие деловни објекти.

Новата студија ги истражи ставовите на жените од 18 до 30 години кои посетуваат солариуми. иако мнозинството од нив не сакале да се забранат, студијата покажа дека корисниците би сакале да постојат ограничувања, како што се забрана за користење за лица под 18 години и јасни предупредувања за ризиците од користење солариум. Целосна забрана поддржуваат само 10 отсто од испитаниците.