Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНема доживотна канцеларија и возач за Стипе Месиќ

Нема доживотна канцеларија и возач за Стипе Месиќ

Хрватскиот парламент денеска одлучи да ја одземе канцеларијата на поранешниот претседател Стипе Месиќ по барање на партија Мост, помалиот партнер во владејачката коалиција, пренесе Танјуг. Од 1 јуни Месиќ ќе остане без доживотното право на канцеларија, личен возач и службен автомобил, но државата ќе продолжи да му дава лично обезбедување, соопштија хрватските медиуми.

Се очекува со оваа мерка државниот буџет да заштеди околу 600 илјади куни (80 илјади евра). Месиќ беше претседател на Хрватска од 2000 до 2010 година.