Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВозач на ЈСП нападнат на последна 57-ца во Нерези

Возач на ЈСП нападнат на последна 57-ца во Нерези

Вчера во 14.30 часот во Единицата за исвестување и команда (ЕИК) Скопје, возач во ЈСП Скопје пријавил дека e нападнат.

Настанот се случил на улицата  „Козле“, на последната автобуска постојка кога непознато машко лице со тупаница го удрило возачот во пределот на главата и му се заканувало со нож, по што со автомобил со скопски регистарски ознаки побегнало од местото.

За кратко време лицето било пронајдено и утврдено е дека се работи за С.А. (34) од село Крушопек, и истиот бил приведен во полициска станица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување  на случајот.