Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаТендер од 5.000 евра за реновирање на канцеларијата на Иванов

Тендер од 5.000 евра за реновирање на канцеларијата на Иванов

На Бирото за јавни набавки е објавен оглас за реновирање на Народната Канцеларија на Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, во центарот на Скопје. Проценетата вредност на градежните работи без ДДВ е 305.000 денари или околу 5.000 евра. Вештачењето на Бирото за судски вештачења, пак, утврди дека вкупната штета е 522.000 денари или 8.487 евра. Канцеларијата на претседателот Иванов беше искршена на 13 април минатата година, еден ден откако тој прогласи аболиција на 56 лица. Канцеларијата на Иванов беше мета на боење од страна на „Шарената револуција“.

За демолирањето на просториите беа привидени неколку лица, за кои сè уште се отворени судски постапки. По апсењето дел од приведените беа во куќен притвор, по што имаше судско рочиште на кое се појавија како обвинети за учество во толпа. Дел од обвинетите добија парични казни и беа осудени условно.