Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеДонаторска забава за „Излет“ – Нема да му дозволиме на режимот да не тероризира

Донаторска забава за „Излет“ – Нема да му дозволиме на режимот да не тероризира

Утре, среда (27.06) од 13ч, па се до ноќта, во Кафе Бар „Излет“ повторно ќе се собираат финансиски средства, овој пат за драконската казна која беше изречена кон сопственикот на овој локал.

Кафе барот за кратко време стана еден вид на упориште за граѓаните од Шарената Револуција, а до сега се соочи со најразличен вид притисоци. Кафулето претходно беше и офарбано од страна на непознати лица.
izlet
„Овој пат притисоците кон локалот се далеку поголеми и посериозни. Откако сите инспекции не можеа ништо да најдат во локалот претходниве месеци, се случува следното: се работи за казна за наводен прекршок од пред повеќе од четири години, која досега неколку пати е побиена пред Управниот Суд, но сега повторно е ефектуирана. Сметката на локалот е замрзната и прекршочната казна, изречена од трудова инспекција, е во височина од неверојатни 250.000 денари. Повторно сме им потребни на нашите сограѓани и соборци. Не смееме да дозволиме да не поттиснат и да не обехрабрат. Само заедно сме посилни. Нема да му дозволиме на режимот да не тероризира!“ – стои во повикот на Фејсбук.